Свет
25. July 2016 - 19:22

Евакуирана метро-станица во Милано - Патниците во паника

Метро-станица во центарот на Милано денеска е евакуирана и сопрен е сообраќајот во подземната железница откако е пронајден сомнителен пакет, објави италијанската Служба за јавен превоз. 

Портпаролот на службата изјави дека полицијата во моментов истражува дали пакетот содржи експлозив. 

Во Италија месецов се зголемени мерките за безбедност како последица од терористичките напади во Франција и Германија, а исто така е интензивирана и пограничната контрола.