Балкан
15. October 2018 - 12:49

Евакуирана Иранската амбасада во Турција по дојава за можен бомбашки напад

Амбасадата на Иран во Анкара е евакуирана денеска откако турските безбедносни сили добиле дојава оти е можно во објектот се наоѓа бомбаш - самоубиец, јави турскиот весник „Дејли сабах“.

По дојавата, турската полиција го евакуираше иранскиот амбасадор и ја затвори улицата во која се наоѓа Амбасадата.