Свет
3. јуни 2017 - 12:38

Евакуиран парискиот аеродром „Шарл де Гол“ поради сомнителен пакет

Аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз денеска е евакуиран откако „сомнителен пакет“ е пронајден во близина на пасошката контрола.

Управата на аеродромот на Твитер напиша дека се проценува безбедносната ситуација.

Патниците, чии летови се одложени на социјалните мрежи објавија фотографи од долгите редови на аеродромот.