Loading Video...
Ракомет
21. јуни 2019 - 15:41

Еурофарм Работник ќе игра во Лигата на шампионите, Металург извиси

Покрај актуелниот европски првак Вардар, тимот на Еурофарм Работник следната сезона ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.
 
ЕХФ денеска ја објави листата на учесници во Лигата на шампионите за следната сезона, во која трофејот ќе го брани Вардар кој ќе биде еден од носителите во поквалитетните две групи А или Б, додека наместо Металург кој досега беше втор наш претставник во елитната лига, ЕХФ реши сепак вајд-карта да добие битолски Еурофарм Работник.
 
Воедно оваа екипа ќе биде и вториот македонски тим покрај Вардар кој ќе игра во регионалната СЕХА лигата.
 
Кои ќе бидат противниците во групите на Вардар и Еурофарм Работник ќе биде познато на 27 јуни кога во Виена од 18 часот ќе се одржи ждрепката. 
 
Новата сезона во Лигата на шампионите е предвидена да започне во периодот од 11 до 15 септември со дуелите од првото коло.