Ракомет
20. July 2021 - 9:28

Еурофарм Пелистер започна со подготовки за новата сезона

Суперлигашот Еурофарм Пелистер вчеравечер во Битола ги почна подготовките за сезоната 2021/22, под водство на тренерот Жељко Бабиќ.

Со шест нови имиња, комплетно ново голманско трио и нов кондиционен тренер, пелистерци ја започнуваат битката на пет фронта.

Според планот за подготовки, ракометарите ќе останат во Битола до 23 јули, а потоа една недела одат на висински тренинзи во Маврово. Од 1 до 10 август предвидени се неколку подготвителни натпревари. На 11 август е Суперкуп на Македонија против Вардар, додека на 21 август е четвртфиналето во СЕХА лигата со Мешков Брест.

Нови играчи во тимот се: Реиние Табаода (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељи (Порто), Немања Обрадовиќ (ППД Загреб).