Loading Video...
Ракомет
7. December 2020 - 13:05

Еурофарм Пелистер подготвен да му се реваншира на Требње

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе играат нов натпревар во ЕХФ Европската лига.
 
По поразот на гостувањето во Словенија минатата седмица и поразот од екипата на Тримо Требње (24-28), битолските „фармацефти“ со нетрпени го очекуваат утрешниот меч, практично реванш против словенечката екипа. 
 
Лекцијата од дуелот во Љубљана е научена, па крилото Бојан Маџовски најавува голема борба и атак на првата победа во ова натпреварување.
 
„И минатата, а и оваа сезона се соочуваме што и на добиени натпревари, не ги освојуваме бодовите. Веруваме дека и тоа ќе го надминеме. Го оставаме последниот натпревар зад нас, се спремаме и во вторник се надеваме дека ќе излеземе како победници.
Ни треба една победа да се крене екипата, да ја врати самодовербата. Иако можам да кажам дека атмосферата е добра во клубот, тренираме и се спремаме одлично, но ни треба таа една победа да ја вратиме самодовербата“, изјави Маџовски.
 
Во пресрет на овој натпревар Еурофарм Пелистер со само еден освоен бод по четири одиграни средби е на петото место на табелата во својата група, па доколку битолчани сакаат да ги задржат шансите ќе мора да слават победа против Тримо Требње во мечот што ќе се игра во Битола, а ќе започне од 20:45 часот