Loading Video...
Ракомет
2. October 2020 - 16:19

Еурофарм Пелистер и Металург ги дознаат противниците во Европската Лига

Македонските ракометни  претставници во Европската лига, екипите на Еурофарм Пелистер и Металург ги дознаа своите противниците во групната фаза.
 
Тимот  на Еурофарм Пелистер кој директно обезбеди учество во второто по квалитет европско натпреварување, ќе настапува во Д групата.
 
Во неа, Битолчани за противници ќе ги имаа, реномираниот германски тим Рајн Некар Левен, унгарската Татабања, добро познатиот швајцарски претставник Кадетен Шафхаузен, како и екипите на  Гог од Данска и Тримо Требње од Словенија.
 
Металург кој место во групната фаза обезбеди преку квалификациите, ќе играат во групата А во која за противници ќе ги има, шпански Адемар Леон, полската Висла Плоцк, рускиот Чеховски Медведи, француски Тулуз и тимот на Фиверс од Австрија. 
 
Натпреварите во групната фаза започнуваат на 20 октомври, а по четири најдобро рангирани од четирите група ќе обезбедат пласман во осминафиналето