-->
-->
ЕУРО 2016: Познати 20 репрезентации учеснички
-->
Познати се 20 репрезентации кои преку квалификациите изборија пласман на Европското првенство во Франција 2016 година.
Како првопласирани во деветте групи завршија:
Германија, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Англија, Австрија, Чешка, Белгија и Италија.
На второто место се пласираа:
Полска, Романија, Албанија, Словачка, Швајцарија, Русија, Исланд, Велс и Хрватска.
Репрезентацијата на Турција е најдобро третопласирана селекција, додека Франција има пласман како домаќин.
Во баражот ќе играат осум селекции кои се пласираа на третото место: Република Ирска, Унгарија, Данска, Украина, Словенија, Шведска, БиХ и Норвешка.
Ждрепката за баражите ќе биде извршена во недела (18.октомври). Натпреварите ќе се играат од 12 до 14.ноември и од 15 до 17.ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност