ЕУ воведува темноцрвена зона на епидемилошката карта на Европа
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави воведување на нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона од која патниците треба да бидат тестирани пред да заминат и да се стават во карантин по пристигнувањето на дестинацијата.
– Темноцрвената боја ќе означува области каде циркулацијата на вирусот е на исклучително високо ниво, рече Фон дер Лајен по самитот на лидерите на ЕУ, кој беше посветен на координирање на мерките за борба против пандемијата на коронавирусот.
Обележувањето на епидемиолошките зони не зависи од националните граници. Фон дер Лајен го наведува како пример случајот каде во една земја-членка границите во пограничната област се затворени, а отворени во соседна со иста епидемиолошка состојба. – Во тој случај, сите од првата земја ќе одат на шопинг во втората и со тоа ќе придонесат за ширење на вирусот, вели Фон дер Лајен.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека лидерите на земјите-членки се согласуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за ограничување на патувањето, кои не се потребни.
– Убедени сме дека, кога станува збор за патувања што не се суштински, треба да се земат предвид ограничувањат“, рече Мишел, додавајќи дека границите мора да останат отворени за нормално функционирање на единствениот пазар.
И Мишел и Фон дер Лајен укажаа на опасноста од мутација на вирусот, нови варијанти кои се многу позаразни. Затоа, постои договор за зголемување на секвенционирањето на геномот на Ковид-19 со цел навремено откривање на мутации на вирусот.
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори