Свет
14. September 2015 - 13:50

ЕУ: Санкции за Русија уште шест месеци

Шефовите на дипломатии од земјите-членки на ЕУ се договорија денеска за уште шест месеци да ги продолжат санкциите против Русија, иницирани поради украинската криза, соопшти Европскиот совет во Брисел.

Одлуката е донесена на денешниот состанок на СОветот на ЕУ за општи работи, составен од министрите за надворешни работи од змејите-членки на ЕУ.

Санкциите опфаќаат 149 физички лица и 37 правни лица за кои е оценето дека се поврзани со проруските сили во Украина и припојувањето на Крим кон Русија.