Свет
24. јуни 2016 - 15:16

ЕУ, пред и после брегзит

Велика Британија има специјален статус во Унијата. Велика Британија не е членка на еврозоната и не е во Шенген. 

Од вкупно 28 земји-членки,  во еврозоната се 19 држави, некои земји не го прифатија еврото како своја валута (Велика Британија, Данска и Шведска) и во еврозоната се уште не припаѓаат Полска, Чешка, Унгарија, Романија, Бугарија и Хрватска. Данска е со т.н. статус на ЕРМ II. Составен дел од механизмот првично беше и Грција -  се подготвува да влезе во еврозоната и трае најмалку две години.

На Шенген-зоната во моментов и припаѓаат 26 земји, и во неа се и земји кои не се членки на Европската унија - Швајцарија, Норвешка и Исланд.

Велика Британија, сепак, и во таа смисла има специјален статус.

Идејата и почетниот концепт на Унијата во Европа се припишува на поранешниот шеф на француската дипломатија Роберт Шуман (1886 - 1963), кој пласира идеја за приближување чии изворни носители се Французите и Германците.

Во првата фаза Франција и Германија преземаат надзор над производството и дистрибуција на јаглен и челик и нивниот план е објавен на 9 мај 1950 година. Пет години потоа одлучлено е 9 мај да се одбележува како Ден на Европа, а планот на Шуман како пристап кој постепено ќе создава простор за соработка и надминување на длабоките насогласувања меѓу државите од Европа.

Во тоа време тоа било навестување дека во иднина може да се постигне извесна економска заедница меѓу европските држави.

Во април 1951 година потпишан е во Париз Договор за основање Европска заедница за јаглен и челик. Тоа се смета за почеток на создавање на Европската економска заедница, подоцна Европска заедница која прерасна во Европска унија.

Во заедницата тогаш пристапиле Франција, СР Германија, Италија и државте од Бенелукс. Договорот за ЕЗ за јаглен и челик стапи на сила на 23 јули 1952 година, потпишан бил на 50 години и важел до 23 јули 2002 година.

Во Рим на 25 март 1957 година потпишани се два нови договора – Договор на Европската економска заедница и Договор на Европската заедница за атомска енергија, познати како Римски договори. Целта била – создавање единствен пазар и приближување на економските политики на државите членки за да се постигне заеднички економски развој и како последица зголемен животен стандард на граѓаните на членките.

ЕЗ почнува службено да дејствува на 1 јули 1967 година.

Во 1973 година се приклучува и Данска, Ирска и Велика Британија. Европската шесторка прерасна во – деветорка.

Грција е дел од заедницата од 1 јануари 1981 година, а пет години подоцна и Шпанија и Португалија.

Монетарната и политичка унија иницирана е во 1986 година, а единствениот европски акт што го овозможува тоа е потпишан на 1 јули 1987 година.

Под назив Европска унија постои од 1 ноември 1993 година кога во Мастрихт е потпишан договор. Со Договорот се утврдени три столба – наднационален, заедничка надворешна и безбедносна политика, соработка во судтсвото и во внатрешните работи.

На 1 јануари 1995 нови членки стануваат Австрија, Финска и Шведска.

Еврото како заедничка валута е воведна во 1999 година, а неговата примена почнува од 1 јануари 2002 година.

Вон таа зона се Велика Британија, Шведска и Данска. Како и голем број држави кои влегоа во ЕУ по 2004 година.

Во 2004 година членки стануваат Чешка, Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка и Словенија, а од 1 јануари 2007 членки на ЕУ се и Бугарија и Романија. Последна во ЕУ пристапи Хрватска, на 1 јули 2013 година.