ЕУ повика на целосно почитување на договорот за примирје меѓу Израел и Либан
Европската Унија го поздравува објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, како и напорите на Франција и САД кои го доведоа до негово постигнување, порача високиот претставник за надворешна политика и безбедноста Жосеп Борел во писмената изјава упатена во име на ЕУ.
– Ова е значајно достигнување, на кое ЕУ и нејзините земји членки постојано повикуваа во текот на оваа година.
Сега е од клучно значење примирјето да се почитува како што е договорено, да се гарантира безбедноста на луѓето и во Либан и во Израел и да им се дозволи на внатрешно раселените лица од двете страни на границата да се вратат во своите домови, наведе Борел.
Тој посочи дека остварувањето на овие заложби бара, пред се, посветеност на двете страни во правец на целосно почитување и на либанскиот и на израелскиот суверенитет и на прекин на сите прекугранични напади.
– ЕУ ги повикува сите регионални и меѓународни чинители активно да се вклучат во поддршката на прекинот на огнот за тој да има постојан придонес за регионалниот мир и стабилност.
ЕУ и нејзините земји членки се посветени на мобилизирање на широк опсег на инструменти, вклучувајќи го и Европскиот мировен фонд и на поддршка на либанските Вооружени сили и УНИФИЛ, преку ефикасно и целосно спроведување во пракса на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, се додава во изјавата.
Борел нагласува и дека ЕУ ќе продолжи со доставување на хуманитарна помош и ќе се вклучи во процесот на постконфликтно закрепнување и реконструкција на Либан, со цел да го поддржи либанскиот народ погоден од конфликтот, вклучително и големиот број внатрешно раселени лица.
Според Борел, ЕУ е особено решена да го поддржи понатамошното зајакнување на суверенитетот и на институциите на либанската држава.
– Либанските политички лидери имаат можност и огромна одговорност брзо да ги остават настрана нивните разлики и да најдат излез од долготрајниот политички и економски ќорсокак, така што сите Либанци ќе ја делат истата национална иднина, како дел од заеднички, мирен и просперитетен Либан, наведува Борел, упатувајќи апел до политичките лидери под итно да изберат претседател на државата, позиција која стои празна две години, и да вложат напори за изградба на силна и суверена либанска држава.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја