Loading Video...
Македонија
16. јуни 2021 - 16:36

ЕУ ја врати Македонија на листата безбедни земји за Ковид-19

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за Ковид-19. Ваква одлука донесоа амбасадорите на членките на Унијата на денешниот состанок. Заедно со нас на списокот се додадени и Србија, Албанија, САД и уште 4 држави. Ова значи дека формално се укинува забраната за влез во ЕУ на граѓаните од овие земји. Предлогот се очекува да биде усвоен на состанокот во петок, но тоа не ја исклучува можноста секоја членка индивидуално да одлучи и да бара од патниците ПЦР тест или карантин.

- Останува на секоја земја-членка на ЕУ да одлучи точно кои барања им ги наметнува на патниците. Исто така, не јасно е кога точно ќе се спроведат новите аранжмани за патувања, изјави во Брисел претставник од португалското претседателство.

Викендов Германија ја тргна Македонија од листата на земји со ризик и го олесни влезот на наши државјани кои имаат регулирано престој таму само за патување по копнен пат. Повеќе нема потреба за дигитална пријава на патувањето, ниту за тест за Ковид, како и за карантин. Но, ако патуваат со авион  и понатаму мора да приложат потврда на негативен тест не постар од 72 часа,  документ за прележан Ковид до пред 6 месеци или примени две дози вакцини од Фајзер, Астра Зенека, Модерна или Џонсон. Засега не ги прифаќаат кинеските вакцини ниту Спутник. И понатаму во Германија има забрана за туристички патувања на граѓаните од трети земји.

Инаку за една земја да добие статус на безбедна држава, мора да има максимум 75 случаи на коронавирус на 100.000 жители во последните 14 дена.