Свет
3. October 2016 - 13:50

ЕУ: Ја почитуваме демократската волја на унгарскиот народ

Ако референдумот во Унгарија беше правно валиден нашиот коментар ќе беше дека го нотирме, но со оглед на тоа што легално беше одбиен од Изборната комисија на Унгарија, тогаш велиме дека исто така го бележиме.

Ова е коментарот на првиот портпарол на Европската комисија, Маргаритис Схинас, во однос на вчерашниот неуспешен референдум што се одржа во Унгаирја, земја членка на Европската унија, во однос на тоа дали да се прифати шемата за преместување на мигрантите во рамки на ЕУ врз основа на утврдени квоти, јави дописникот на МИА од Брисел.

- Ние ја почитуваме демократска волја на унгарски народ, како на оние што гласаа, така и на оние што не гласаа на ова референдумско изјаснување. А, на унгарската Влада е да одлучи како ќе се справи со исходот од овој национален референдум, посочи портпаролот Схинас.

Како што е познато, вчерашнио референдум во Унгарија не успе, бидејќи не го мина цензусот од 50 отсто излезност.

Сепак, повеќе од три милиони лица или 98 проценти од излезените гласачи на референдумот се изјаснија за неприфаќање на договорениот план за релокација на мигрантите, според кој токму Унгарија треба да прифати 1.294 лица.