Loading Video...
Бизнис
2. August 2021 - 16:48

ЕУ излезе од рецесија, Македонија се уште во негатива, позитини прогнози на Народната банка

Европската унија излезе од рецесија. Според податоците на ЕУРОСТАТ за вториот квартал од оваа година економијата на унијата пораснала за 1,9%, а на еврозоната за 2% споредено со претходните три месеци.Споредно со истиот период лани кога Европа беше во карантит, растот изнесува над 13%.

Ова е добра вест вели за Дојче веле Саша Штефан од франкфуртската школа за економија. Тој е оптимист дека растот ќе продолжи.

Највисок раст бележат Португалија и Австрија. Најслаби бројки има кај Франција и Германија, двете најголеми европски економии.

Во земјава статистиката за вториот квартал ќе биде објавена во септември, а првиот квартал БДП го заврши со минус од 1,9% и Македонија се уште е во рецесија. Сепак, последните податоци на НБРМ се позитивни и очекувањата се дека економијата закрепнува. За до крајот на оваа година предвидено е македонската економија да порасне над 4%.