ЕУ ги продолжи санкциите кон сириските власти за една година
Советот на Европската Унија денеска одлучи да ги продолжи санкциите кон сириските власти до 1 јуни 2018, истакнувајќи меѓу другото, дека „санкциите ќе траат се додека режимот прогонува цивили“.
Кон списокот на лица опфатени од санкциите се додадени тројца сириски министри, со што бројот порасна на 240 Сиријци и 67 сириски организации. На лицата под санкции им е забрането патување во ЕУ и им е замрзнат имотот во странство.
Сирија, исто така, и под нафтено ембарго, ограничени се инвестициите, има санкции кон Сириската централна банка, а во ЕУ е забранет увозот на стока од Сирија.
Овој став на ЕУ е во насока на изнаѓање решение на конфликтот со политички, а не со воени средства, се истакнува во соопштението.
Европскиот совет досега издвои 9.4 милијарди евра за Сирија, главно како хуманитарна помош.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација