Свет
28. May 2018 - 14:11

ЕУ ги продолжи санкциите кон Сирија за уште една година

Советот на ЕУ денеска ги продолжи санкциите на Унијата против сириските власти до 1 јуни 2019 година.

- Имајќи ја предвид континуираната репресија врз цивилното население, ЕУ одлучи да ги задржи своите рестриктивни мерки против сирискиот режим и неговите приврзаници, а во согласност со стратегијата на ЕУ за Сирија, стои во соопштение на Советот.

Советот исто така ги ажурира информациите што се однесуваат на одредени лица и ентитети на списокот на санкционирани и отстрани две починати лица.