Балкан
2. јуни 2016 - 13:31

ЕУ апелира Албанија да го заврши пакетот реформи

Европската унија ја повика Албанија да го доврши пакетот правосудни реформи доколку сака да ги покрене преговорите за членство во Унијата.

Алудирајќи на претстојното учество на Албанија во Европското првенство во фудбал, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека „следните денови ќе бидат одлучувачки за тоа дали Албанија ќе напредува во европскиот шампионат или ќе остане во фаза на квалификациите“.

ЕУ и САД и помогнаа на Тирана да изработи предлог-пакет реформи, кои се сметаат за клучни за борба против корупцијата на сите нивоа, посебно во правосудството.

Албанскиот Парламент е под притисок да го усвои законот за правосудните реформи до крајот на месецот за да го убеди Брисел да дозволи преговори за членство, но Парламентот е поделен по тоа прашање.