-->
-->
„Етно плоштад фестивал“ од 24 до 28 август во Берово
-->
Од 24 до 28 август под покровителство на Општина Берово ќе се одржи "Етно плоштад Фестивал". Како дел од реномираниот музички фестивал ќе се одржи и саем за зачувување на културното наследство „Малешевијата на дланка".
Од општината ги повикуваат сите заинтересирани најдоцна до утре 20 август да се пријават за учество на годинашниот саем.
- Во рамки на фестивалот секоја година се одржува и саемот на традиционални локални производи „Малешевијата на дланка“. Саемот има за цел на едно место да ги изложи и презентира традиционалните производи во три сектори: здрава храна, вешти раце-ракотворби и сувенири и резби. Општина Берово ги поканува и повикува сите заинтересирани граѓани од Малешевијата да земат активно учество на саемот со тоа што ќе ги претстават и промовираат локалните производи кои се во прилог на поттикнување на локалниот економски развој, истакна Зоран Нешкевски од општина Берово.
Пријавувањето за учество на саемот е заклучно со 20 август со пополнување пријава.
Во дводневната концертна фестивалска програма на „Етно плоштад фестивал 2018" предвидени се настапи на балканската музичка звезда Каролина Гочева, Уска Кан, Јоце Панов, Штекици, Кико и Столе, Хотлајн, Ангел и Иван, КУД ,,Димитар Беровски“ како и Оркестарот на народни инструменти при ДМУЦ „Сергеј Михајлов" од Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин