Loading Video...
Кошарка
27. July 2020 - 11:17

Естонците си „газат“ по Литванија ја победија и Летонија

И додека ние сеуште размислуваме, кога како и дали воопшто ќе се игра кошарка во нашата земја, нашиот главен ривал во квалификациите за евро-баскетот Естонија нижи победи во подготвителните  натпревари. 
 
Репрезентацијата на Естонија е победник на „Балтик“ Куп со кој федерацијата на оваа балтичка земја го прослави јубилејот „100 години кошарка“ во Естонија.
 
Откако во првиот натпревар Естонците ја победија селекцијата на Литванија, во вториот дуел тие беа подобри од Летонија со 84:67, па со две победи го освоија трофејот наменет за победникот на овој турнир. 
 
Во естонслката репрезентација тројца кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени и тоа Хенрик Дрел беше најефикасен со 15, капитенот Слим-Сандер Вене придодаде 14, додека Јанари Јесар постигна 10 поени.
 
Во наредните два дена, Естонците ќе имаат уште две проверки. На истото место во Талин, ќе им гостува селекцијата на Финска.
 
Потсетување дека во квалификациите за Европското првенство, токму Естонија е нашиот најголем ривал во групата во која се Русија и Италија. 
 
На првиот дуел во Скопје загубивме од Естонците со 81-72, а во второто бевме поразени на гостувањето во Русија со 77-67
 
Затоа следните два натпревари и тоа на гостински терен на 27 ноември против Италија и три дена подоцна (30 номеври) на мегдан на Естонија, за македонската репрезентација ќе бидат клучни за освојување на место кое носи пласман на евро-баскетот.