ЕСМ: Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј вратени на мрежа, следната недела санација на Блок 2
Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија. Блоковите беа подложени на краткотрајни санации по воочени слабости во текот на производниот процес од страна на стручните служби и беа навремено отстранети, информираат од АД ЕСМ.
Со тоа, како што велат, ЕСМ повторно работи со полн капацитет и во моментот на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана КОГЕЛ во Енергетика, ветерниот парк Богданци, како и хидроелектраните, пред сè, за давање системски и балансни услуги.
-Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела од функција ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена, најавуваат од ЕСМ.
Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 21.178 мегават часови електрична енергија.
Ново на Сител
-
Шефицата на германската дипломатија Бербок утре во Скопје
-
Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар
-
СПМ: Уставните измени не се дел од копенхашките критериуми
-
Kасами: Тетово е главниот град на Албанците во Северна Македонија
-
19 годишник од скопско силувал малолетничка
-
Гостиварец изнајмил автомобил на 19 дена, па решил да не го врати - Поднесена кривична пријава
-
15 годишник обвинет за „тероризам“ - испраќал пораки со заканувачка содржина во повеќе училишта
-
JO со детали: Цариник од скопскиот аеродромот му помагал на на шверцерот со злато