Македонија
6. November 2017 - 9:12

Есенска превентивна дератизација во општина Битола

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола од денеска до 17 ноември, на подрачјето на општина Битола ќе ја реализира втората фаза од есенската превентивна систематска дератизација.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола информираат дека со дератизацијата ќе бидат опфатени подземниот канализациски систем со ревизиските и прифатните шахти во сите реони на градот со инфестација над 30 насто, прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес, односно детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, Домови за сместување и престој на ученици и студенти, Домови за сместување на стари и изнемоштени лица, Домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и други објекти.

Со дератизацијата ќе биде опфатена и јавната депонија „Мегленци² и други диви депонии во градот.