Ерменија и Азербејџан се обвинуваат за непочитување на новото примирје
Ерменија и Азербејџан взаемно се обвинуваат за прекршување на договоренто трето примирје во Нагорно-Карабах, што денеска стапи во сила.
Претставници на Ереван и на Баку во Вашингтон договорија примирјето да почне денеска во осум часот по локално време (шест часот по средноевропско време).
Министерството за надворешни работи на Азербејџан денеска ги обвини ерменските сили дека го гранатирале градот Тертер, соседните села како и позициите на азербејџанската армија, при тоа тврдејќи дека Баку го почитува хуманитарниот прекин на огнот.
Тоа уште еднаш покажува дека Ерменија само на зборови го поддржува принципот на хуманитарно примирје. А, всушност, криејќи се зад примирјето се обидува да ги прегрупира силите и да заземе нови позиции, изјави Кикмет Гаџијев, советник на азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.
Министерството за одбрана на Нагорно-Карабах го осуди „непријателскиот артилериски оган врз нивните позиции, при тоа наведувајќи оти нивните сили го почитуваат договорот за прекин на огнот.
Двете страни ја осудија другата за „флагрантно кршење“ на примирјето.
Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека примирјето во Нагорно-Карабах воглавно се почитува и покрај неколкуте провокации од страна на Азербејџан.
Пашињан на Твитер напиша дека Ерменија ќе продолжи даго почитува примирјето.
Претходно, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанската армија го прекршила примирјето само 45 минути откако стапи восила.
Додека претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев изјави дека Баку сака со политички и воени средства да го реши судирот во Нагорно-Карабах.
Тој во обраќање до нацијата истакна дека силите на етничките Ерменци би требало да ја напуштат територијата со целда запрат судирите.
Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Тоа е трето примирје во Нагорно-Карабах од 27 септември кога почнаа судирите. Првите две беа постигнати на 10 и на 17 октомври со посредство на Русија. Денешното примирје уследи по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.