Свет
21. April 2018 - 18:10

Ердоган: Вонредната состојба е добра за економијата и штити од тероризам и штрајкови

Бизнис секторот треба да ја поздрави и поддржи вонредната состојба во Турција, бидејќи таа штити од тероризам и не дозволува штрајкови на работниците, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Парламентот оваа недела гласаше за продолжување за уште три месеци на вонредната состојба, која е воведена по неуспешниот обид за преврат во јули 2016 година. Тоа е седмо продолжување на вонредната состојба во земјата.

- Режимот на вонредна состојба ги засега единствено терористите. Таа исто така не дозволува и организирање штрајкови на работниците. Тоа е борба против тероризмот, истакна Ердоган на средба со бизнисмени во Истанбул.

Продолжувањето на вонредната состојба е критикувана од организациите за заштита на човековите права, но и од западните сојузници на Турција. Главната бизнис асоцијација во земјата, исто така, повика за брзо прекинување на тој режим.

- Нашите претприемачи велат дека вонредната состојба треба да биде укината, и тоа не е добро. Ние ќе ја продолжиме вонредната состојба поради мирот во нашата држава, и ќе го направиме тоа дури и десетти пат доколку е потребно, нагласи Ердоган.

Според него, инвестициите во Турција не се загрозени од режимот на вонредната состојба