Балкан
20. December 2016 - 10:49

Ердоган: Убиството на рускиот амбасадор има за цел да наштети на нормализацијата на билатералните односи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека убиството на рускиот амбасадор во Турција има за цел да наштети на нормализацијата на билатералните односи.

Ердоган оцени дека атентатот е очигледна провокација во момент на зближување меѓу Москва и Анкара.

Турскиот претседател најави дека со рускиот колега Владимир Путин се согласиле во синоќешниот телефонски разговор дека соработката и солидарноста меѓу нивните земји во борбата против тероризмот само ќе се интензивираат по убиството на амбасадорот Андреј Карлов.