Ердоган: Турците во Германија „да и удрат шлаканица“ на владејачката коалиција
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика германските државјани со турско потекло да им „удрат шлаканица“ на двете владејачки коалиции во Германија на престојните избори, што се закажани на 24 септември.
Ердоган апелира до етничките Турци во Германија да не гласаат ниту за демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел, ниту за нејзиниот коалициски партнер Социјалдемократската партија, како и за Партијата на зелените.
Ердоган трет ден по ред им се обраќа на Германците со турско потекло барајќи да не гласаат за партии кои се „непријатели на Турција“.
- Бидете со оние кои се пријателски расположени кон Турција. Не грижете се доколку станува збор за мала партија, дајте го својот глас. Тогаш таа ќе порасне и ќе биде поголема, посочи Ердоган во Истанбул.
Но, тој не прецизираше кои партии би биле евентуланиот избор на турската етничка заедница во Германија.
Според проценките на аналитичарите околу 1,2 милиони етнички Турци имаат право на глас во Германија.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО