Свет
9. May 2017 - 21:00

Ердоган: Турција сака да продолжи со процесот за влез во ЕУ

Турција сака да продолжи со процесот за влез во Европската унија, кој го смета за стратешка цел, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќање по повод Денот на Европа, јави ДПА. 

Ердоган ова го изјави по неколку месечни тензии меѓу ЕУ и Турција, интензивирани за време на кампањата за референдумот за проширување на претседателските надлежности. 

- Анкара и Брисел ја продолжуват соработката за спречување на миграцијата кон земјите од ЕУ. Нашата земја, која со векови е историски, географски и културен дел од Европа има желба да го продолжи процесот за членство во ЕУ, кој го смета за стратешка цел, во рамки на меѓусебното почитување, еднаквност и принципот на взаемна корист, се посочува во изјавата на Ердоган. 

Тој упати критика до крајнодесните, како и популистичките и антиисламските струи во Европа.