Свет
10. January 2018 - 17:00

Ердоган: Турција е една од водечките земји во светот по слобода на медиумите

 Турција е меѓу водечките земји во светот во однос на слободата на медиумите, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по повод турскиот Ден на новинарите. 

- Турција денес е на едно од првите места меѓу земјите во светот во однос на слободата на печатот, најновите комуникациски технологии, социјалните медиуми и интернет-новинарството, нагласи турскиот претседател.

Тој исто така, посочи дека јавноста има право на брзи, точни и непристрасни информации, како и дека медиумите треба да ги пренесат настаните „без да бидат подложни на какви било ограничувања“. 

Откако во Турција беше воведена вонредна состојба по неуспешниот воен удар во јули 2016 година до денес уапсени се повеќе од 165 новинари, а десетици медиуми се затворени.

Според индексот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, Турција се наоѓа на 155-то место од 180 земји. 

Денот на новинарите во Турција се одбележува од 1961 година, кога новинарите добија некои правни гаранции во државата.