Ердоган со повик до саудискиот крал да го реши спорот со Катар пред крајот на Рамазан
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика саудискиот крал Салман да го реши спорот со Катар пред крајот на Рамазан.
Во интервју за португалската телевизија Ер-Те-Пе, Ердоган изјави дека муслиманските држави не треба да воведуваат санкции на други муслимански држави.
Минатата недела Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и други арапски држави прекинаа дипломатски односи со Катар обвинувајќи ги за поддршка на тероризам и екстремистички организации како и сојуз со Иран.
Турција која го поддржува Катар се обидува да ја реши кризата со дипломатија и смета дека раздорот нанесува штета на исламскиот свет.
– Ние сакаме да биде ршеено до крајот на Рамазан. Кралот на Саудиска Арабија може да преземе таков чекор за надминување на кризата, изјави Ердоган за медиумот.
– Еден муслиман не може да воведува санкции на друг муслиман, особено за време на Рамазан, додаде турскиот претседател.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ќе ја посети Саудиска Арабија во обид за решавање на кризата.
Ново на Сител
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија