Балкан
19. November 2015 - 8:58

Ердоган: Сите Сиријци да гласаат на следните претседателски избори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека е важно за идните претседателски избори во Сирија да земат учество сите граѓани на таа држава меѓу кои и бегалците.

Во интервју за турската телевизиај АТВ тој рече дека во преговорите во Виена е постигнат договор сегашниот сириски претседател Башар Асад да не учествува во изборите.

– Ние сакаме сите Сиријци во и вон државата да го дадат својот глас. Зборува главно за оние во Турција, Либан и во Јордан, нагласи тој.