Балкан
25. July 2017 - 14:11

Ердоган: Потпишан е договор за набавка на рускиот ракетен систем С-300

Турција постигна напредок во набавка на софистицираните руски ракетни системи за одбрана С-400, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој истакна дека е потпишан и договорот за испорака.

- Презедовме чекори за набавка, ставен е потпис со Русија за снабдување со С-400. Ако даде Господ, ќе го имаме овој систем во нашата држава, нагласи Ердоган.

Турција, иако е членка на НАТО, во април најави дека влегува во последна фаза за набавка на ракетниот систем, кој нема да може да го интегрира во системот на Алијансата.