Свет
14. April 2017 - 11:16

Ердоган – плен на многу фронтови кои самиот си ги отвори

Катимерини - Атина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган отвори многу и опасни фронтови, кои тој тешко може да ги управува.

Неговите опции ја оддалечуваат Турција од Западот, го дестабилизираат целиот регион, и дефакто од геолопитичка гледна точка ја претвораат Грција во крајна точка на западниот ланец на Исток.
Односите на Ердоган со армијата остануваат затегнати. Весникот Хуриет неодамна објави статија која содржи анонимна критика на високи претставници на адреса на началникот на генералштабот Хулуси Акар.

Тој беше критикуван заради неговите блиски односи со владата и најмногу затоа што не реагирал за укинување на исламските шамии во армијата, но исто и за посетата на военото раководство на островот Имија/Кардак, кој се претвори во внатрешен проблем на Турција. Ердоган беше бесен од статијата, а главниот уредник на весникот Хуриет беше принуден да си даде оставка.

Турција има отворено три курдски фронта на основа на растечкиот конфликт со бунтовниците од ПКК. На 10 март, врховниот комесар на ОН за човекови права ја обвини Турција за „наводни стотици убиства од јули 2015 до август 2016 година, и за протерувањето на 335 илјди до половина милион граѓани од земјата“.

Во Сирија и Ирак, Турција редовно доживува порази. Во Сирија, Анкара не успеа да ја убеди САД ниту Русија да сопрат со нивната поддршка за курдите. Во Ирак, по барање на владата на тамошните курди, не супеа стремежот на Анкара да учествува во операции за ослободувањето на Мосул, што би му обезбедило на Ердоган влијание и можност да се вклучи во преговорите кои ќе следат.

Ердоган се надеваше дека до референдумот, ситуацијата во економијата ќе остане стабилна. Во првото тримесечје од 2016, БДП-то на Турција се намали за 1,8 отсто. Невработеноста варира околу 12 проценти. Во февруари, инфлацијата достигна 10 отсто, а турската лира е под силен притисок.

Основниот залог на Ердоган е референдумот на 16 април. Алијансата со крајнодесната Партија за националистички дејствување го тера да го затврдне курсот за да ги добие гласовите од крајните националисти. Досегашните испитувања на јавното мислење покажуваат мала предност за „да“ на референудмот, кое е всушност на пат да се намали.
Иако кризата на односите на Анкара со Хаг беа потхранувани од желбата за глсоци, таа го покажува длабокиот раздор кој се појави меѓу Турција и ЕУ. Германија е повнимателна заради миграцискиот проблем, кој е од суштинско значењеза Меркел.

Пред десет години во очите на Западот, Турција на Ердоган беше пример за муслиманскиот свет. Ако на референдумот надвладее „да“, де факто ќе биде поставено прашањето дали соседна Турција ги исполнува критериумите од Копенхаген, дали фактички таа е демократска држава.

Тоа не се однесува само на вака или онака полумртвиот процес за приклучување. Се однесува пошироко до начинот на кој Западот ќе гледа во иднина на Турција.

Тој разој на нештата ги засега и нејзините односи со Грција на дипломатско ниво. Би било грешка Грција да вложува на долгорочни заострени односи на Турција со европејците. Барем за момент, нивната реакција за цел го постацви Ердоган, а не Турција. Освен ако се покаже дека Ердоган и неговата партија не се конјунктурна појава, туку враќање на Турција во времето по Кемал Ататурк.

Со отстранувањето на веројатноста Турција да стане членка на ЕУ, укинувањето на визите ќе биде максималниот успех на Ердоган. Затоа тој го искористи договорот за бегалците као лост за вршење притисок. Тој се заканува дека ако не бидат укинати визите за граѓаните на Турција, ќе испрати еден нов бран бегалци и мигранти во Европа. Таа закана всушност и не е толку голема колку што беше во 2015-2016 година. Во ситуација на затворени балкански коридори главниот притисок нема да биде понесен од европејците, туку од грчките острови.

За да го засили својот профил, Ердоган за затврднува својата политика кон Грција. Во двостраните односи, Турција повторно најавува експанзиционистички претензии. Прашањето кое се поставува е дали таа политика на Турција е дел од некаов план за провоцирање жежок инцидент. Се проценува дека Ердоган не сака да дојде до воен конфликт.

Тоа не значи дека таква опасност не постои. Се бара внимание од грчка страна. Немаме причина да паднеме во стапицата на провокциите.

Од друга страна, треба да биде испратена јасна порака дека ако Анкара испровоцира воен конфликт, воопшто нема да биде сигурно дека таа ќе биде во состојба да ги ицрта неговите граници. Ако Грција е исправена пред познати проблеми, ако соодносот на силиите во воената сфера се влоши за Грција, нејзините вооружени сили можат да нанесат катастрофални удари што значи дека сеуште имаат можност да возвратат на евентуален воен конфликт.

Но алармантное токму периодичното отсуство на ефикасни грчки контрамерки во однос на турските предизвикувања, отвара прашања за надежноста на грчката стратегија за стопирање. Со други зборови, Анкара наклонува кон многу опасната проценка дека Атина нема да ги заштити „црвените линии“ кои таа самата ги псотавила, и дека Турција нема да извлече дивиденди ако ги ескалира своите сегашни провокакции.