Ердоган: Мицотакис „повеќе не постои“ за мене, никогаш нема да се согласам за средба со него
– Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави рече дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повеќе не постои за него по забелешките и критиките на последниот кон Турција за време на неговата неодамнешна посета на САД.
Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган рече дека Мицотакис зборувал против Турција и побарал од Конгресот на САД да не дозволи борбени авиони Ф-16 да и се продаваат на Турција.
-И покрај тоа, минатата недела тој ги посети САД и зборуваше во Конгресот и ги предупреди да не ни даваат Ф-16, истакна тој.
– Тој веќе постои за мене. Никогаш нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе продолжиме напред со чесни политичари. Ердоган, додаде дека состанокот на Стратешкиот совет планиран да се одржи наскоро со Грција повеќе нема да се одржува.
Администрацијата на Џо Бајден бара од Конгресот да ја одобри продажбата.
За време на неговата посета на Вашингтон минатата недела, Мицотакис предупреди на заедничката седница на Конгресот против поддршката на предложената воена продажба на Бајден на Турција, тврдејќи дека таквиот потег може да создаде дополнителна нестабилност во регионот.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари