Балкан
17. July 2016 - 15:48

Ердоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ од сите државни институции

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека обидот за пуч на „терористичката група“ на имамот Фетулах Ѓулен неуспеа поради волјата на народот.

Тој, на погребот на неколкумина убиени за време на обидот за воен удар, посочи дека ќе продолжи чистењето на тој „вирус“ од државните институции.

Ердоган најави и дека ќе продолжат апсењата на тие кои ги „уништиле“ вооружените сили.

Тој повторно ги повика граѓаните и неговите приврзаници да останат на плоштадите.