Свет
17. November 2017 - 12:44

Ердоган ги повлече војниците: „Моето име меѓу непријателите"

Турција ги повлече своите војници од воената вежба на НАТО во Норвешка. Причината за ова е што името на основачот на модерната турска држава и сегашниот претседател се нашле меѓу „непријателите", пишува „Хуриет".

- Се случи инцидент во Норвешка. Тие поставија мапа со непријатели, на која го имаше името Мустафа Кемал Ататурк и моето име, објасни турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

- Тоа беше вежба на НАТО и ние испративме 40 војници, кои решивме да ги повлечеме, рече претседателот, додавајќи дека нивните имиња биле отстранети од листата на непријатели, но, сепак, тие не сакаат да имаат војници во таа вежба