Балкан
28. December 2015 - 9:30

Ердоган ги повика муслиманите во светот да се обединат во борбата против тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика муслиманите ширум светот да се обединат во борбата против тероризмот.

- Како муслимани ние имаме важна мисија да застанаме против организации како што се Исламска држава, Ал Каеда, Боко Харам, кои им нанесуваат најголеми штети на муслиманите, користејќи го името на исламот, истакна Ердоган синоќа во Истанбул. 

Тој нагласи дека доколку „муслиманите не направат нешто за да ги спречат овие терористички организации, тогаш сите нивни дејства, кои ја загрозуваат нашата религија, ќе продолжат“.