Свет
22. March 2017 - 13:20

Ердоган: Европејците нема безбедно да се движат по улица доколку не го сменат ставот кон Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги предупреди денеска Европејците ширум светот дека нема да можат безбедно да се движат по улица доколку не го сменат ставот кон Турција и ја повика Европа да ги почитува човековите права и демократијата.

- Ако Европа продолжи на ваков начин, ниту еден Европеец во било кој дел од светот нема да може безбедно да се движи по улица. Ние, како Турција, ја повикуваме Европа да ги почитува човековите права и демократијата, порача Ердоган.

Турција има спор со Германија и Холандија бидејќи тие две земји им забранија на турските министри да им се обраќаат на турските државјани кои живеат таму, на собирите организирани со цел да се обезбеди поголема поддршка пред одржувањето на референдумот следниот месец за проширување на овластувањата на турскиот претседател.