Балкан
9. May 2016 - 15:42

Ердоган: Членството во ЕУ е стратешка цел за Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека членството во ЕУ е стратешка цел за Турција, изразувајќи надеж дека договорот со Унијата за визна либерализација ќе го забрза евроинтеграцискиот процес на земјата.

Тој ја даде својата изјава откако ги загуби надежите за напредок со Европа околу договорот за спречување на бегласкиот бран кон крајот на минатата недела, претходно најавувајќи дека Анкара нема да ги промени антитерористичките закони за да ги исполни барањата на ЕУ.