Македонија
12. November 2018 - 14:47

„Еразмус+“ дополнителни можности за образование на лицата со посебни потреби

Информирање на лицата со посебни образовни потреби како целна група за можностите кои им се нудат во рамки на „Еразмус +“, имаше за цел денешната  презентација на оваа програма во полето на стручно образование за лица со посебни потреби.

– Искористеноста на програмата на „Еразмус +“ за образование и мобилност во целост е над 96 проценти. Но, последната анализа ни покажа дека во овој дел, на полето на стручно образование за лица со посебни потреби, малку потфрлуваме и затоа тие ни се целна група. Се обидуваме ние да се доближиме до нив, да ги стимулираме и да ги информираме дека имаат можности што не ги искористуваат за да можат да покажат резулати и да ги искористиме средствата за доброто и нивно, но и на целото општество, рече директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димкова.

Таа појасни дека во рамки на овој дел од програма се обидуваат да ги вклучат овие лица, бидејќи не секогаш сите можат да се вклучат основната програма од една или друга причина. Некои не можат да се вклучат затоа што имаат пречки во развој, физички пречки, какви било други пречки и затоа оваа програма има дополнителен дел и има цел да го вклучи сите кои на прв поглед се чини дека не можат да бидат вклучени.

Корисници на оваа програма неколку години се и учениците на ДУЦОР „Партениј Зографски“ каде се образуваат ученици со посебни образовни потреби со оштетен слух и говор. Таму се реализирани пет  проекти од оваа програма, а стекнатите искуства се имплементираат во работата. Благодарение на оваа програма, во рамки на училиштето функционира кариерен центар каде учениците можат да се советуват за нивните идни чекори во кариерата, набавена е нова опрема со која се почна и одредено производство, а како најголема придобивка се оценува воведувањето на англискиот јазик во образованието.

Исто така, како дел од овие проекти, изработено е и упатство на знаковен јазик, како едукативен материјал за изработка на бизнис план.

Програмата „Еразмус +“ е за финансика рамка од 2014 до 2020 година. Димова информира дека искористеноста за разлика од другите европски средства е многу голема и оти се движи над 96 проценти. Целна група на програмата се младите образованието,  од предучилишно, основно, средно, стручно, високо, обарзаование за возрасни…, а во послдено време и спортот.

Следната финансиска рамка е 2021 – 2027 и Димова најави дека ќе има двојно повеќе средства за за оваа програма, за која во Брисел, како што рече, немаат двојба дека е добра.