Свет
18. April 2020 - 20:50

Епидемијата на Ковид-19 однесе нови 642 животи во Франција

Нови 642 смртни случаи како последица на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во Франција, со што бројот на жртвите достигна 19 323, јави дописникот на МИА.

Според податоците дадени од фрацуските здравствени власти од почетокот на епидемијата на 1 март, во француските болници починале 11 842 лица, додека во домовите за нега на стари и изнемоштени лица 7 481.

Бројот на пациентите кои се наоѓаат на болничко лекување од Ковид-19 изнесува 30 639, односно 551 помалку од вчера. На интензивна нега се наоѓаат 5 833 пациенти, односно 194 помалку во споредба со петокот. Ова е десетти ден по ред како што се намалува бројот на пациентите на интензивна нега и четврти ден по ред како се намалува бројот на хоспитализираните.

На почетокот од епидемијата Франција располагаше со само 5 000 кревети на интензивна нега.