-->
-->
ЕП: Жирито се поправи, сепак злато за Ингебритсен
-->
Со одлука на жирито сепак златниот медал му припадна на Норвежанецот Јакоб Ингебритсен, кој беше дисквалификуван на трката, на 1.500 метри, на Еропското првенство во сала, но сепак го освои златниот медал.
Жирито пресуди, дека Ингебритсен, кој на стартот од трката со една нога бил надвор од патеката, тога го направил бидејќи бил турнат од друг натпреварувач.
„Со овој инцидент тој не стекна никаква предност, инцидентот не влијаеше на трката и нејзиниот конечен резултат“, објави жирито.
20-годишниот Норвежанец победи со резултат 3:37.56 минути, пред Полјакот Марцин Левандовски (3:38.06) и Шпанецот Хесус Гомез (3:38.47).
За младиот Норвежанец ова е трет златен медал на ЕП. Ингебритсен на 18-годишна возраст победи на ЕП во Берлин во трките на 1.500 и 5.000 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи