Loading Video...
Кошарка
15. August 2019 - 19:54

ЕП У-16: Опстанокот обезбеден следува дуел со Словенија

Македонската кошаркарска репрезентација го обезбеди опстанокот на ЕП за кадети што се игра во италијанскиот град Удине. Останува уште да се утврди конечниот пласман на нашите надежи.  

         Македонија останува во А- дивизијата што беше и првата цел на оваа наша селекција која ги освои симпатиите на шампионатот.  Можеби уште некоја победа во групната фаза ќе донесеше полесен противник во осминафиналето и уште подобар пласман.  Како и да е со победата на БиХ, втора на првенството избраниците на селекторот Дервишевиќ ни ја враќа надежта во мак-баскетот и потврдата дека се посериозно се работи со младите категории. Затоа очекуваме уште еден добар натпревар утре против Словенија и победа која може да не искачи на 9. Место на првенството.

        Денеска и нашите кадетки до 16 години ќе ги започнат своите натпревари на ЕП од Б- дивизијата во Софија. Македонија е во групата со домаќинот Бугарија , Луксембург, Украина и Холандија која е наш противник во терминот од 19.30ч.

        Трите најдобри селекции на првенството ќе се искачат во А-дивизијата.