Loading Video...
Кошарка
17. August 2019 - 19:36

ЕП У-16: Македонија на крајот 12-та

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија го заврши настапот на ЕП во Удине Италија на 12. Место  по последните два дуели со Словенија и Израел.

По победата над БиХ  нашата селекција  избори опстанок во А-дивизијата и разигруваше за пласман на 9. Место со селекциите на Словенија и Израел.

Во двете средби  бевме поразени, синоќа од Словенија со 87-80 за да претпладнево по вторпат на првенството ги одмериме силите со селекцијата на Израел која на крајот се радуваше на победа од 83-72 со што го освои 11. Место.

Интересно и на оваа средба одигравме солидни три четвртини и дозволивме катастрофален пад во последната четвртина која Израелците ја добија со 25-11  за да се радуваат на успехот.  Филип Наков се истакна на оваа средба со 20 поени и 9 скока.

Македонија ја оствари целта на првенството обезбеди опстанок во елитата  остварувајќи две победи и 5 порази.  Селекторот Дервишевиќ и овие млади кошаркари покажаа дека  има простор за развој на македонската кошарка во наредните неколку сезони и враќање на мак-баскетот на старите патеки.  Ништо нема да се смени доколку клубовите не најдат начин да ги вклопат надежите во своите редови и пронајдат модус како заедно да напредуваат  не само во домашниот шампионат туку и на меѓународната сцена.

На шампионатот во Удине денеска се  играат полуфиналните дуели  Италија – Русија и Шпанија – Франција.