Loading Video...
Ракомет
5. December 2018 - 15:27

ЕП Ракомет (ж): Србија и Ц.Гора во следната фаза, отпадна Словенија

 

            Селекцијата на Србија приреди големо изненадување на ЕП во Франција  со победата против фаворитот Данска од 30-25 со што го обезбеди првото место во А-групата. 

            Предводени од Андреа Лекиќ која постигна 8 погодоци српските ракометарки водеа во текот на целиот меч и патуваат во следната фаза заедно со Шведска и Данска.

            Во Б-групата победа на домаќинот Франција со 25-20 против Црна Гора со што од шампионатот отпадна Словенија додека натпреварите ги продолжуваат Русија, Франција и Црна Гора.