Ракомет
14. December 2018 - 19:46

ЕП Ракомет (ж): Русија во финале се чека противникот

Селекцијата на  Русија е првиот финалист на ЕП во ракомет за жени откако попладнево во  квалитетен меч ја совлада Романија со 28-22.  Мечот започна со добра игра на Романките кои настапија без својата најдобра ракометарка Неагу и водеа во текот  на првото полувререм. Во продолжението од мечот Русија доминираше  предводена од разиграната Виахорова која постигна вкупно 13 гола а решавачки беше стартот на вториот дел кога Романија цели 8 минути не постигна гол.

          Во второто полуфинале вечерва играат Франција и Холандија.