Ракомет
13. December 2018 - 11:50

ЕП Ракомет (ж): Домаќинот Франција во полуфинале

Холандија и Франција го комплетираа полуфиналниот состав на Европското првенство во ракомет во Франција, со убедливи победи во последните мечеви по групи, поставувајќи супер-дуели: Романија-Русија и Холандија-Франција. Полуфиналињата на програма се в петок.

Холандија со 27:21 ја совлада Германија за да го освои првото место во групата 2, а откако домаќинот Франција со 38:28 ја декласираше Србија го освои второто место во групата 1 и дуел со „лалињата“. Во второто „поспектакуларно“ полуфинале ќе се сретнат Русија и Романките, кои имаа ист број на поени со актуелниот шампион Норвешка, кои ќе се борат само за петтото место со скандинавските ривали, Шведска.