Ракомет
18. January 2016 - 22:19

ЕП ракомет: Германците ја победија Шведска, Црна Гора несреќно поразена од Данска

 
Со двата натпревари одиграни вечерва комплетирано е 2.коло на ЕП во Полска.
Репрезентацијата на германија во тежок и неизвесен меч ја совлада Шведска со која се израмни на табелата, а по нерешениот резултат мешу Шпанија и Словенија, Германците во последното коло директно против Словенците ќе се борат за место во сладната рунда, во која единствено сигурна од Ц групата е водечката Шпанија.
 
Ц група – 2.коло: 
Словенија – Шпанија 24:24
Германија – Шведска 27:26
Табела: Шпанија 3 бода, Шведска 2, Германија 2 и Словенија 1.
 
Данска со многу мака и среќа ја оствари втората победа на првенството и тоа над Црна Гора, а со тоа го обезбеди своето место во следната фаза. Русија со победата над Унгарија ги врати надежите, а и Црногорците се сеуште во игра иако немаа бодови.
 
Д група – 2.коло: 
Русија – Унгарија 27:26 
Црна Гора – Данска 28:30
Табела: Данска 4 бода, Русија 2, Унгарија 2, Црна Гора 0.