Ракомет
25. January 2016 - 21:13

ЕП Полска 2016: Ристовски: Треба да останеме попозитивни

Македонската репрезентација испишти шанса за да ја постигне првата победа на ЕП во Полска. Вечерва со Норвешка одигра нерешено 31:31. Голманот Борко Ристовски дуелот го заврши со 11 одбрани, а во микс зоната изјави:

- Одигравме натпревар со квалитетно прво полувреме. Норвежаните беа немоќни во првиот дел, во напад и во одбрана, бевме моќни, сили и тоа се одрази на резултатот. И како по обичај во вториот дел некако паѓаме. Бевме добри скоро 45 минути, со исклучок на последните 15  минути. Со квалитетна репрезентација како што е Норвешка тешко се стигнува до победа. Видовме сите како тие добро одиграа и со Полска и со Хрватска. Треба да останеме што попозитивни, треба да се биде задоволен со бод против силната Норвешка.
 
Од Краков, Марјан Ников