Ракомет
27. January 2016 - 22:15

ЕП Полска 2016: Познати полуфиналните двојки

На Европското првенство во ракомет денеска се одиграа натпреварите од 3.коло од главната фаза во двете групи, по кои се познати полуфиналните двојки.

Во борбата за медалите останаа да се борат селекциите на: Норвешка, Хрватска, Шпанија и Германија. На 29.јануари во Краков ќе играат:
Норвешка - Германија
Хрватска - Шпанија.
 
Во Вроцлав ќе разигруваат за пласман: Франција - Данска (за 5.место), Полска - Шведска (за 7.место) и овие дуели се играат на 29.јануари.
 
Резултати:
Група 1: Македонија - Белорусија 29:30, Франција - Норвешка 24:29, Полска - Хрватска 23:37.
Табела: Норвешка 9, Хрватска 6 (+6), Франција 6 (+2), Полска 6 (-8), Белорусија 2, Македонија 1.
 
Група 2: Шведска - Унгарија 22:14, Германија - Данска 25:23, Шпанија - Русија 25:23.
Група 2: Шпанија 8, Германија 8, Данска 7, Шведска 4, Русија 3, Унгарија 0.