Ракомет
20. January 2018 - 10:32

ЕП - Хрватска 2018: Раул: Нема тајни, добро се познаваме

На клупата на Македонија како селектор се наоѓа Раул Гонзалез, Шпанец. Но, успесите постигнати на овој шампионат се извонредени. За следниот дуел на Македонија со Шпанија, Раул истакна.
- Сите добро се познаваме, играчите се тие, ги знаеме, сме се среќавале многу пати со екипите во кои играат. Шпанија добро не познава нас, а ние нив, нема тајни. Да. За мене е чудно што со репрезентацијата на Македонија ќе играм против Шпанија, моите пријатели се таму, ќе биде интересно. Шпанија играше многу добро досега како и секогаш, очекувам против нас да игра и Агинагалде, мора да ризикуваат, тој е многу важен играч за нив и сигурен сум дека ќе настапи во недела.